Вијали ја загуби битката со ракот на панкреасот, кој еднаш го победи откако му се појави пред пет години, а пред еден месец се повлече од селекцијата на Италија за да се посвети во нова битка за животот. Неговата состојба пред помалку од еден месец сериозно му се влоши и во ист момент беше префрлен во клиника во Лондон.
Италијанецот, кој играше во славната генерација на Сампдорија во 90-те, а потоа и во Јувентус, со кој стана првак на Италија, а ја освои и европската круна во 1996 година, а потоа играше и за Челзи.
На лондонските „сини“ им беше тренер, подоцна и на Вотфорд, а откако дојде во селекцијата на Италија како помошник на Роберто Манчини, стигна до европска титула со „аѕурите“ на Еуро 2020.
Вијали е трета легенда која заминува во вечноста во изминативе месец дена откако од леукемија прво почина Србинот Синиша Михајловиќ, а во последните денови од изминатата 2022 година и „кралот“ на фудбалот Пеле.