Работнички и Ренова ремизираа без голови на Националната арена „Тодор Проески“ во првиот натпревар од 16.коло во Првата фудбалска лига. И двете екипи заслужија многу повеќе од еден бод со залагањето, одличното темпо и создадените шанси. Но, ако се гледа ефикасноста, тогаш можеби и тој бод им е повеќе од доволен.
Ренова имаше шанса уште на самиот старт, кога Шефит Шефити излезе сам пред голот на Ристе Јанков, но тој успеа да спаси со фантастична интервенција.
Работнички возврати на спротивната страна преку Марјан Ристовски, но не беше прецизен.
Во вториот дел „романтичарите“ беа подобар ривал. Ристовски повторно имаше одлична шанса, осамен на вториот дирек, во 53.минута, но шутираше крај голот.
Во 65.минута, Кристијан Стојкоски имаше неверојатна можност, сам пред голот, но на крајот спаси Илиевски пред самат гол – линија.
Рамзифаик Селмани неколку минути подоцна имаше шанса да донесе троумф за Ренова, но и тој не беше прецизен.