Хулк неодамна реши да се врати во Бразил по неколку години поминати во Кина и потпиша договор со Атлетико Минеиро.
35-годишниот фудбалер е познат по својот исклучително силен удар, а на мечот против Сантос кој се одигра пред неколку дена на сите им покажа дека силата не исчезнала, а дека се уште има вистинска бомба во левата нога.
Имено, Хулк на овој натпревар за малку ќе срушеше гол на стадионот откако од слободен удар ја погоди стативата.