SkySports пренесува дека Барселона средила се и успеала да го доведе Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.
Допрва треба да помине медицински третман и да потпише договор.
Пристигнува како слободен играч, а не на позајмица до крајот на сезоната.
Ова е големо изненадување бидејќи денес прво се преговараше за позајмица. Фудбалерот се согласи на големо намалување на платата за да замине во Барселона, а Арсенал со задоволство ќе се ослободи од неговата плата.