Колото во Ла Лига стартуваше со осум гола на еден натпревар! Исклучително ефикасен натпревар на стартот на 22. коло, во кој Џирона со 6-2 ја победи Алмерија.
Интересно, сите погодоци беа дело на различни играчи. Џирона уште во првото полувреме создаде недостижна предност од 4-0, а головите ги постигнаа Кастељанос, Циганков, Рикелме и Ернандез.
Во вториот дел прво Алмерија намали преку Рамазани, а потоа Мартини и Стуани погодија за водство на Џирона од 6-1, конечните 6-2 беа дело на Туре во завршницата од натпреварот.