Јапонскиот „самурај“ Асано со два гола му донесе првенец на Бохум оваа сезона.
Екипата на Бохум конечно го скрши мразот и го победи Дармштат (1-2) по десет одиграни кола во Бундеслигата, што е првенец за екипата во оваа сезона.
Двете екипи се наоѓаат во долниот дел на табелата, а трите бода може да бидат важни во битката за опстанок во Бундес лигата.
Херој на Бохум на овој натпревар беше поранешниот играч на белградски Партизан, Такума Асано, кој ги постигна двата гола за тимот од Бохум, во 25. и 54. минута. Единствен стрелец за домашниот тим беше Нирнбергер.
Бохум во следното коло игра со Келн, додека Дармштат кој е во серија од три порази ќе оди на дуел со Мајнц.