Денешниот меч имаше огромно значење за живата легенда на баварскиот клуб Томас Милер кој стана рекордер по бројот на настапи за Баерн. Тој го одигра 710. натпревар во дресот на германскиот гигант со што го надмина досегашниот рекорд на Сеп Мајер кој важеше 44 години. Милер наскоро ќе наполни 35 години, но уште не планира да се пензионира, па веројатно уште многу ќе го подобри своето достигнување, а кое ќе биде тешко достижно за идните генерации. Тој е стандарден првотимец на Баерн од 2008 година, а интересно е тоа што има 63 настапи помалку во германското првенство од Мајер.
Ветеранот успеа со гол да го круниса големиот ден и во 78. минута го постави конечниот резултат откако претходно Кејн погоди од пенал. Фрајбург имаше пенал во судиското продолжение, но Холер не беше прецизен.