Италијанскиот шампион Милан се обидува да го купи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Како што откриваат медиумите на Апенините, Паоло Малдини испратил понуда вредна 35 милиони евра до Наполи за ангажман на „дијамантот“.

Милан е во потрага по офанзивен фудбалер за врска, а тренерот Стефано Пиоли смета дека Елиф Елмас може да биде вистинското решение за екипата која ќе го брани шампионскиот трофеј.

Елмас има договор со Наполи до 2025 година.