Манчестер јунајтед и Њукасл остварија победи и ја продолжија трката за ЛШ, па останаа со исто бодовно салдо. Во пресметките „црвените ѓаволи“ триумфираа со 1-0 против Брентфорд, а Њукасл го прегази Вест Хем во Лондон со 5-1.
Јунајтед и Њукасл сега имаат по 53 бода на третото и четвртото место, со три бода повеќе од лондонски Тотенхем кој е петти и има меч повеќе од овие два ривали за место во европската елита.
Маркус Рашфорд на асистенција на Марсел Сабицер во 27-та минута го даде единствениот гол за многу важни три бода за Јунајтед на „Олд Трафорд“ против Брентфорд.
Њукасл пак го демолира давеникот Вест Хем, со головите на Калум Вилсон и Жоелингтон кои дадоа по два, а Александер Исак еден за убедлива победа.