Фиорентина е на чекор до финале во Купот на Италија после големата гостинска победа со 2-0 кај овосезонската сензација  Кремонезе, па реваншот треба да биде само формалност за „виолетовите“.

Артур Кабрал во 20-та минута постигна гол за водство и ја најави победата, а Нико Гонзалез во 75-та реализираше пенал за дуплирање на предноста и ја обезбеди победата, после која Фиорентина не би требала да има проблем во реваншот.

Јувентус и Интер во реваншот ќе го дадат вториот патник во финалето.