На денот на промоција на тимот за новата сезона, сите играчи на Барселона вечерва добија поздрав од публиката на „Камп Ноу“ и поединечно беа претставени од спикерот на стадионот, по што следеше и убава церемонија во чест на играчот во противничкиот табор.

Дани Алвес се врати во домот на каталонците како член на Пумас и конечно доби испраќање од Барселона и благодарница од претседателот Жоан Лапорта, но сепак задолжени за шоутo на теренот беа домашните фудбалери кои го освоија традиционалниот трофеј „Гампер“.

Искусниот Бразилец одигра 60 минути на теренот против добар дел од своите доскорашни соиграчи, но не можеше да го сопре налетот на расположените избраници на Чави Ернандес.

Барселона постигна четири гола за 19 минути и во фокусот се најде Роберт Левандовски, кој еднаш погоди за 1:0, а потоа двапати асистираше до Педри. Во воведот од мечот, гол постигна и Усман Дембеле, додека во вториот дел беше доста помирно.

И покрај тоа, видовме уште два гола во мрежата на Пумас, првиот од страна на Обамејанг за 5:0, а за крај и оној на Френки Де Јонг за конечни 6:0.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1556341585125818368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556341585125818368%7Ctwgr%5Ed415e65eab2b0ccca7de7b27fbd816c524d8ce67%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fdani-alves-konechno-dobi-isprakjanje-barselona-nemashe-milost-i-postigna-shest-gola-na-kamp-nou-video%2F

https://twitter.com/Sportbuzzbr/status/1556383684294590464?s=20&t=GFCWMHbOGIpHpy8vj6Jo-w