Фудбалерите на Интер  ја совладаа Рома со 1-0 во големото дерби во 10. коло од италијанската Серија А, и го зазедоа лидерското место на табелата.

„Нераѕурите“ доминираа во текот на целиот натпревар и создадоа дури 17 шанси од кои 12 беа во првите 45 минути, но не искористија ниту една од нив.

Херој на екипата на Симоне Инѕаги беше Маркус Турам кој успеа да го матира Руи Патрисио и обезбеди три важни бода за Интер.