Екипата на Баер Леверкузен успеа да се избори за реми со гол од пенал во 94-та минута од натпреварот, против Баерн Минхен во дербито на четвртото коло. На тој начин Баер не дозволи Баварците да ја продолжат перфектната серија од стартот на сезоната.
Баерн беше близу до триумф откако четири минути пред крајот на регуларниот дел Леон Горецка погоди за второ водство, еден вид казна за промашените шанси на „фармацевтите“ преку Флоријан Вирц и Виктор Бонифасе во последната четвртина од мечот, па Баер одговори во најболно време за минхенскиот гигант.
Во 94-та минута после реакција на ВАР, гостите добија пенал, а Езекил Паласиос погоди од белата точка за израмнување.
Баерн дојде и до трет гол во 98-та минута, но погодокот на Дајот Упемекано беше поништен од офсајд.
Претходно Хери Кејн четврти натпревар по ред даде гол, стана прв фудбалер на Баерн кој во првите четири кола дал по барем гол, после Мирослав Клозе во 2007 година, а овој погодок испадна негов јубилеен 300-ти во кариерата. Алехандро Грималдо, пак, со прекрасен гол од слободен удар во 24-та израмни.