Олимпик Лион запиша уште една важна победа во Лига 1, откако го надигра и совлада Мец на гостински терен со 2-1 во 23. коло од домашното првенство.
Микаутаѕе ја затресе мрежата на Лион во 13. минута и за момент го натера Мец да се понадева на изненадување, меѓутоа гостите преку Лаказет во првата минута од судиското надополнување израмни на 1-1.
Бенрама беше стрелец на вториот гол за Лион во 60. минута со кој гостите направија целосен пресврт и победија со 2-1.
Лаказет го постигна својот единаесетти овосезонски погодок.
Со вечерашните три бода Лион направи нов скок на табелата и сега е на десеттото место со 28 бода, додека Мец остана во црвената зона со 17 бода.