Италијанскиот калчолигаш Јувентус го договорил трансферот на српскиот интернационалец Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Тој за 15 милиони евра треба да се пресели ова лето во редовите на “старата дама”.

Костиќ одигра одлична сезона за Ајнтрахт со кој го освои трофејот во Лигата на Европа, а сега кариерата ја продолжува во Италија.

Тој претходно се поврзуваше со трансфер во Интер, но сега е пред преселба во Торино и ќе го носи дресот на Јувентус.