Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, најверојатно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите со Челзи, поради коронавирусот.
Фудбалерите на Реал Мадрид во среда ќе играат против Челзи во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Анчелоти минатата недела беше позитивен на овој вирус, поради што не отпатува со тимот во Лондон. Постои можност да го води тимот, доколку утре добие негативен тест.
Анчелоти мина две години на клупата на Челзи, откако го презеде мадридскиот клуб кој го водеше од 2013 до 2015 година.
Тој веќе ја освои титулата во Лигата на шампионите со Реал Мадрид во 2014 година.
На последните пет натпревари во Англија, мадриѓаните не победија, а имаат три порази.
Натпреварот помеѓу Челзи и Реал Мадрид се игра во среда од 21.00 часот.