Барселона разговарала со претставници на Дани Олмо околу враќањето на играчот од средниот ред на „Камп Ноу“ на лето, пренесува „Мундо Депортиво“. Играчот има договор со Лајпциг до летото 2027 година, а во моментот е еден од главните конкуренти на Елиф Елмас во германскиот тим.
Според информациите на „Мундо Депортиво“, на состанокот присуствувале спортскиот директор на Каталонците, Деко, агентите на играчот Хуанма Лопез и Енди Бара, како и неговиот татко.
Шпанскиот репрезентативец Олмо има откупна клаузула во договорот со Лајцпиг, но таа изнесува околу 60 милиони евра. Високата цена е проблем за Каталонците, кои ќе преговараат со Лајпциг за евентуален трансфер за помала сума и одложено плаќање.
Дани Олмо (25) е производ на академијата Ла Масија, но ја напушти Барселона како тинејџер во 2014 година. Тој долго време играше за Динамо Загреб пред да му се приклучи на Лајпциг во 2020 година и да стане клучен играч за тимот.
Олмо има 145 натпревари, 29 гола и 34 асистенции за Лајпциг, како и 124 натпревари, 34 гола и 28 асистенции за Динамо Загреб.