Екипата на Рома испушти победа против Атлетик Билбао на стартот од новата сезона во Лигата на Европа, играјќи реми (1-1) во Рим. „Волчицата“ поведе со 1-0 со голот на украинецот Довбик во 32. минута од средбата. Сепак, Аитор Паредес во 85. минута успеа да израмни и донесе бод за тимот на Атлетик Билбао.

Фиц-Џим беше стрелец на првиот гол за Ајакс, по што домаќините постигнаа уште три погодоци во вториот дел, и тоа преку Готс и Тејлор.

Ајнтрахт Франкфрут беше пред победа против Викторија Плзен бидејќи имаше предност од 3-1 сè до 86. минута, по што гостинскиот тим преку Аду и Јемелка ги постави конечните 3-3.

Останати резултати:

Брага – Макаби Тел Авив 2-1
ФЦСБ – РФС 4-1
Лион – Олимпијакос 2-0