Ронки кој е фудбалер на Расинг бил во кафуле со својот пријател Ерик Дијаз, кога упаднале вооружени напаѓачи и почнале да пукаат во кафулето, а од куршумите, еден го погодил аргентинскиот талент во глава, а шест во телото, додека Дијаз бил убиен на лице место.
Младиот фудбалер бил хоспитализиран и е во критична состојба, приклучен на респиратор, а веќе му е извршена и една операција на главата на клиниката „Клементе Алварез“ во Росарио.
Младиот напаѓач сезонава даде 12 гола за Б-тимот на Расинг и се очекуваше наскоро да заигра за првиот тим кај Фернандо Гаго, а веќе неколку европски клубови го следеле за да го ангажираат.
Еден од напаѓачите е уапсен, па полицијата ќе ги истражува мотивите за нападот на кафулето, додека заменик директорот на клиниката во Росарио објави дека фудбалерот има „оштетувања на средниот нервен систем и ако успее да победи во животната битка прашање е какви последици ова ќе има на неговото тело“.