Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој вчера даде гол во победата против Локомотива со 2-1 во ХНЛ-лигата, се најде во идеалниот тим од десеттата рунда во шампионатот, со трета најдобра оценка меѓу единаесетмината.
Адеми има четири гола и две асистенции досега сезонава во 15 меча во сите натпреварувања, а веќе со години е мотор на „модрите“, кои по десет рунди имаат девет победи. Македонскиот репрезентативец доби оценка 7,9, каква што има Гржан од Осиек и Куленовиќ од Локомотива, а подобро оценети се само Селахи од Риека со 8,1 и голманот Рогиќ од Шибеник со 8,6.