Фудбалерите на Евертон одиграа реми 1-1 против Тотенхем, а дефанзивецот Мајкл Кин постигна спектакуларен гол од далечина и донесе важен бод за „карамелите“ во борбата за опстанок.

Гостите можат да жалат откако поведоа со голот на Хери Кејн од пенал и имаа играч повеќе. Докуре десетина минути претходно направи глупав потег и доби црвен картон за едно туркање токму со напаѓачот.

Но во финишот од натпреварот Лукас Моура поцрвене по еден хорор старт врз Мајкл Кин, и токму дефанзивецот во следниот напад спектакуларно погоди од далечина, Иго Лорис не можеше да стори ништо.

 

 

Во периодот без главен тренер по отказот за Антонио Конте, „петлите“ во незгоден дел од сезоната среде битка за Европа испуштија многу важна победа.