Арсенал славеше со 2:1 на гостувањето против градскиот ривал Вест Хем на стадионот во Лондон.
Тимот на Артета на тој начин ја продолжи одличната серија од три победи која започна против Челзи и Манчестер Јунајтед. Англискиот стопер Роб Холдинг ги доведе во водство во 38. минута, но пред крајот на првото полувреме израмни Џерод Бовен за домаќините.
Победата на Арсенал ја донесе бразилската комбинација, 20-годишниот напаѓач Габриел Мартинели му асистираше на Магалхаес.