Челзи оствари убедлив триумф (0-3) против Лидс Јунајтед и го остави ривалот во опасната зона на табелата во Премиер – лигата. Мејсон Маунт уште во четвртата минута донесе предност за тимот на Томас Тухел, а Даниел Џејмс доби црвен картон во 25.минута. Тогаш веќе беше јасно дека Лидс Јунајтед нема што да бара на овој дуел.
Кристијан Пулишиќ во 55.минута зголеми на 0-2, а третиот гол беше дело на Ромелу Лукаку.