Португалската звезда Кристијано Роналдо и на 38 години продолжува да испишува историја и да поставува рекорди кои долго време нема да бидат соборени.

Неговата екипа Ал-Наср славеше со 5:2 против Ал-Шабаб во четвртфиналето на саудискиот Кралски куп, а Португалецот постигна еден гол.

 

Тоа воедно беше негов 50-ти гол во 2023 година во сите натпреварувања. Роналдо по осми пат во својата богата кариера постигнува најмалку 50 гола во една календарска година.
Предходно оваа бројка ја надминуваше во 2011 година (даде 60 гола), во 2012 (63), 2013 (69), 2014 (61), 2015 (57), 2016 (55) и 2017 (53).

 

Голот против Ал-Шабаб беше негов 870-ти во кариерата и е најдобар во историјата во оваа категорија, а со триумфот го подобри и рекордот на фудбалер со највеќе победи во кариерата, сега има 792.