Њукасл со 4-1 го совлада тимот на Челзи кој натпреварот го заврши со десет фудбалери, додека Брајтон со пресврт славеше на гостувањето кај Нотингем форест.

Дербито кое се играше на Сент Џејмс Парк им припадна на домаќините, избраниците на Еди Хау ги надиграа сините.

Исак уште во 13. минута донесе водство за Њукасл од 1-0, а десет минути подоцна Рахим Стерлинг со прекрасен гол од слободен удар изедначи на 1-1. Со тој резултат се замина на полувремето.

Во 60. минута Ласелс го врати водството на Њукасл, а веќе во следната минута Тиаго Силва направи огромен кикс кој го искористи Жоелинтон за предност од 3-1.

Конечните 4-1 ги постави Гордон во 83. минута. Десет минути претходно Челси остана со фудбалер помалку откако Рис Џејмс заработи втор жолт картон.

 

Брајтон со 3-2 славеше на гостувањето кај Нотингем форест. Домаќините имаа и водство, но на крајот загубија.

Нотингем поведе со гол на Еланга уште во третата минута од мечот, Феругон изедначи во 26. минута, а во судиското продолжение од првиот дел Жоао Педро погоди за комплетен пресврт и предност на Брајтон од 2-1.

Жоао Педро даде гол и во 58. минута за предност на Брајтон од 3-1. Во 73. минута Днак направи фаул за жолт картон, а потоа поради приговор кон судијата заработи уште еден и беше исклучен.

Гибс Вајт од пенал намали на 3-2, но Нотингем форест не искористи  играч повеќе и не успеа да се спаси од пораз.

Вест Хем со пресврт победи на гостувањето кај Барнли со 2-1, со истиот резултат Лутон го совлада Кристал Палас, Борнмут со 3-1 триумфираше кај Шефилд јунајтед.