Клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср е подготвен да му исплати на Рајо Валјекано 3.5 милиони евра за услугите на Столе Димитриевски, пренесува Фабрицио Романо.

Од шпанскиот клуб сакаат да го задржат нашиот репрезентативец и во вториот дел од сезоната, па затоа најверојатно ќе ја одбијат оваа понуда од клубот од Саудиска Арабија.

Хрватски индекс потврдува дека Барса е силно загреана да го види Кумановецот и тоа на местото на резервниот голман Нето.