До 43. минута од натпреварот мируваа мрежите, но потоа домаќините постигнаа два гола за неколку минути. Прво Серхи Роберто стигна до одбиена топка и ја испрати во мрежата на Кадиз, а потоа му асистираше на Роберт Левандовски за 2-0.
Каталонскиот гигант е прв во Ла Лига со 59 бодови, односно осум повеќе од Реал Мадрид, по што следат Реал Сосиедад со 43 и Атлетико Мадрид со 41 бод.