Манчестер Јунајтед не ги постигнува резултатите што можеше, односите во соблекувалната се влошуваат, а зад сето тоа тлее конфликт помеѓу првата ѕвезда на клубот Кристијано Роналдо и менаџерот на тимот Ралф Рангник. Португалскиот ас смета дека Рангник нема се што е потребно да биде главен стратег на Јунајтед и ги критикува неговите методи, додека германскиот стручњак јавно го критикува настапот на својата најголема ѕвезда.
Ова го наведува шпанскиот Ас, кој исто така тврди дека Германецот ја нема поддршката од најистакнатите играчи на Јунајтед и дека неговите неистомисленици се предводени од Роналдо. Искусниот напаѓач особено се налути на Рангник во петокот кога изјави дека е очигледно дека Роналдо треба да постигне повеќе голови, а тие зборови, како што се вели, дополнително го разбесниле Роналдо и нивната врска била неповратно уништена. Тој ужива во животот во Манчестер и сака да остане во Јунајтед и следната сезона, но останува да видиме што ќе биде со Рангник.
„Во Манчестер се подготвува нова бура бидејќи Рангник требаше да се повлече од тренерската функција на крајот од оваа сезона и да стане спортски директор на клубот. Сепак, по неодамнешните настани, неговата иднина би можела да биде сосема поинаква“, се вели во него.