Хокеарките на САД се пласираа во финалето на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако ја совладаа Финска со 4:1 (0:0, 2:0, 2:1).
Финска успеа да го одржи егал само во првата третина, а во продолжение актуелните олимписки шампионки ја презедоа контролата на натпреварот.
САД во финалето ќе играат против селекцијата на Канада, која претходно ја победи Швајцарија со 10:3.
Тоа ќе биде шесто олимписко финале меѓу двете селекции, а само во Торино во 2006 година не одиграа меѓусебен дуел.
Канада освои четири златни медали, додека американските хокеарки двапати беа олимписки шампионки, вклучително и 2018 година во Пјонгчанг.
Мечот за бронзениот медал меѓу Финска и Швајцарија се игра во среда од 12.30 часот, додека финалето е закажано за еден ден подоцна од 5.10 часот.