Ова беше прв триумф за римјани по двата натпревари без победа и тоа против одличната екипа од Удине, кој немаше среќа да дојде барем до бод. Македонскиот интернационалец, Илија Несторовски, доби шанса во последните дваесетина минути, во кои дури и постигна гол за евентуално изедначување, кој, сепак, беше поништен поради офсајд.
На две кола до крајот на првенството, Лацио е третопласиран со 68 бодови, еден помалку од Јувентус, четири повеќе од Милан, кој е прв под линијата која означува кои екипи ќе играат во ЛШ следната сезона.