Гамбискиот напаѓач Дембо Дарбое кој настапуваше за екипата на Шкупи, од денеска е нов фудбалер на Ал Наср во Обединетите Арапски Емирати. Голгетерот кој „тресеше“ за чаирчани скоро две сезони, во јануари минатата година направи трансфер во белорускиот Шахтјор Солигорск за 700.000 евра, а ова лето замина од Белорусија во ОАЕ во трансфер вреден 1,5 милион евра.
Со оглед на тоа што Шкупи има 25% од правата на фудбалерот, од овој трансфер одлично ќе заработат и чаирчани кои треба да инкасираат сума од околу 375.000 евра.