Вардар 1961 го совлада ППД Загреб со 24-20 (14-12) и со 4 гола позитива ќе парува на реванш четвртфиналниот натпревар од Сеха Лигата. „Црвено-црните“ за првпат по по подолг период почувствуваа како е да се игра пред своите фанови, на трибините имаше 2.000 гледачи.
Капиталот од четири гола би требало да биде доволна, но секако ќе биде потребно и во возвратниот натпревар да даде се од себе за да го завери билетот на фајнл фор турнирот во Загреб.
Ако се земе предвид дека највисоката предост што Вардај ја имаше беше +4 тогаш може да бидеме задоволно со конечниот резултат. Дибиров и Кудуз со по седум гола беа најпрецизни во таборот на Вардар додека Томовски имаше седум одбрани, на другата страна Чупиќ во својот прв меч против Вардар запиша осум гола.
Реваншот се игра во Загреб на 31.08.