Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами е победничка во супервелеслаломот што се возеше во рамките на Светскиот куп во Сент Мориц, Швајцарија.
Гут Бехрами победи со време 1:19,82 минути, додека Италијанката Софија Гоџа беше 18 стотинки послаба и го освои второто место.
Микаела Шифрин се искачи на третото скалило на победничкиот подиум, беше за 1,18 секунди побавна од победничката.
Ова беше 33-та победа на Лара Гут Бехреми во Светскиот куп.
Во генералниот пласман на Светскиот куп прва е Шифрин со 465 бодови, пред Гоѓа кој има 395 бодови на втората позиција, додека трета е Словачката Петра Влхова со 340 бодови.
Втората велеслаломска трка во Сент Мориц е закажана за утре.