И додека тенискиот свет му се восхитува на 19-годишниот Шпанец, фудбалскиот свет му се восхитува на 19-годишниот Аргентинец, исто така наречен Карлос Алкараз.
Аргентинецот Карлос Алкараз игра како централен играч за врска во тимот на Расинг. А со своите игри, како и многу Јужноамериканци, им привлече око на клубовите од Европа.
Алкараз без сомнение е еден од високо оценетите перспективни играчи во Латинска Америка и тие се убедени дека може да ја достигне, па дури и да ја надмине вредноста на Лаутаро Мартинез, кој исто така порасна во Расинг.
Со трансферот во првиот тим Алкараз го направи тој неопходен исчекор, а сега за него најмногу се борат Тотенхем и Арсенал.
Но, во трка за него не се само тие два англиски клуба, туку и Атлетико Мадрид, Севиља, Јувентус, Интер, Милан, ПСВ Ајндховен.
Аргентинецот е под договор до 2026 година, но медиумите уверуваат дека тој би бил купен за само 16 милиони фунти, без разлика на вредноста на ослободителната клаузула од 20,5 милиони фунти.
Алкараз оваа сезона постигна пет гола и две асистенции на 17 натпревари, а особено е импресивен со изведувањето на слободни удари. Впечатлив е по неговите дриблинзи , по малку агресивниот но и прибран начин на игра, што е необична глетка кај помладите играчи кои очајно сакаат да ја покажат својата класа.