Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Русија, на денешната седница ќе одлучува дали истата ќе продолжи да функционира во рамките на UEFA, како што беше до сега или пак ќе се пресели во фудбалската асоцијација на Азија (AFC).
Причината е позната. УЕФА ја суспендира Русија по сите фудбалски основи на натпреварување од репрезенаттивни до клупски на интернационално ниво, а причината се знае, војната во Украина.
Па така, Русија сериозно размислува за преселба, со што би се прекинала низата на нејзино учевство и членство во Европските фудбалски збиднувања од 1954 година. На ова секако треба да даде „амин“ и ФИФА, а AFC реално не би имала ништоР против сил ните руски фудбалски милиони да се преселат на нејзино тло.