Фудбалерот на Реал Мадрид , Винисиус Жуниор имал возбудлив настан при одморот во Мајами ,кога се сретнал со еден млад навивач кој побарал од него да се форографираат .
Кога бразилскиот фудбалер се согласил на тоа, момчето почнало да плаче, а тоа предизвика реакции од другата страна.
Винисиус поради емотивната реакција го повикал момчето во хотел и му подарил дрес со својот потпис.
Момчето заврши на насловната страна на шпанска „Марка“ во прегратка на својот идол, а приказната стана популарна на социјалните мрежи.
Ова е уште еден доказ за тоа зошто го сакаме фудбалот и колку е составен дел од животот на многу луѓе.