Младата ѕвезда на фудбалското небо, напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, „пука“ од самодоверба и верува во квалитетите на својот тим, за кој смета дека може да го мине ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
16-годишниот Шпанец има одлична сезона во дресот на каталонскиот гигант и се наметнува како еден од идните лидери на тимот, а за домашните медиуми изјави дека точно знае што треба за да се надигра францускиот претставник.
„Знам дека имаме квалитет. Се подготвувме за овој дуел со максимален фокус. Обично не прогнозирам, но некако чувствувам дека ќе победиме со 1-0 на првиот натпревар, а токму јас ќе бидам стрелецот на голот. Не сакам да се надигрувамe, сакам да доминираме, затоа што имаме одлични играчи во тимот“, изјави Јамал.
Барселона ќе го започне четвртфиналното патешествие со гостување во Париз на 10 април, а реваншот со ПСЖ е закажан за шест дена подоцна. Ламин Јамал сезонава настапи на вкупно 39 мечеви и забележа учинок од пет гола и четири асистенции, а тоа е навистина одлично за играч кој има само 16 години.