Младиот Австралиец Џош Гиди многу брзо стана играч за кој се зборува. Тој постигна нешто што не е видено 50 години .
Шестиот пик на годинешниот драфт, Австралиецот Џош Гиди, веќе постигна некои ефекти кои не се толку често видени.
Само во првите 20 настапи, тој стигна до 100 поени и 100 скока и стана најмладиот играч во историјата на лигата по Леброн Џејмс кој забележал десет асистенции во еден натпревар.
Сега постигна ефект каков што не е виден 50 години, од 1971 година.
Имено, во победата на Тандер против Пеликанс, Гиди забележа десет скока и десет асистенции, но без ниту еден поен. Тој шутираше 0/8 од игра.