Центарот на Партизан, Матијас Лесор на негативен начин ја испиша историјата на Еврокупот.

Францускиот интернационалец промаши дури 12 слободни фрлања во натпреварот од 11. коло и поразот од Турк Телеком (85:71).

Погоди за 4-16 од лимнијата за слободни фрлања, што е новото најлошо претставување во тој статистички параметар во ова натпреварување.

Партизан имаше вкупно 15 промашени фрлања и тука може да ја бара причината за неуспехот.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ сега имаат скор 8-3 во групата А од Еврокупот.

https://twitter.com/BasketNews_com/status/1486077884343140357?s=20