Шпанското „Ел Класико“ оваа сезона се игра на 28 октомври, а Барселона подготви специјални дресови за вечното дерби против Реал Мадрид.
Каталонците ја претставија опремата која ќе ја користат во дуелот против „кралевите“, а на предната страна на дресот го има логото на бендот „Ролинг стоунс“. Барселона го носи логото на познатиот бенд по партнерството со платформата за музика, „Спотифај“.
Реал Мадрид во моментов е лидер во Ла Лига по девет одиграни кола со 24 бодови, а потоа следи Жирона со 22, додека Барселонае на третото место со 21 бод.