Антонио Конте го презема Тотенхем, но поради работната дозвола не можеше да седи на клупата против Витезе во УЕФА конференциската лига. Тотенхем славеше со 3:2 во луд меч, на кој имаше и три црвени картони. Англискиот тим водеше со 3:0, но потоа Витезе стигна до 3:2. Сите голови паднаа во првото полувреме.
Што се однесува до црвените картони, прво Ромеро од Тотенхем заработи исклучување, потоа во финишот на мечот два играчи на гостите, Доекију и Шуберту. Сон, Лукас Моура и автогол на Расмусен беа играчите кои постигнаа голови за Тотенхем, а англискиот тим е втор во групата со 7 бодови зад Рен кој има 10.