Италијанскиот калочолигаш Милан е во преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчес, пренесува „Газета дело Спорт“. 24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и повторно е цел на неколку европски клубови.
Лил е подготвен да го продаде бидејќи Португалецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Милан смета дека Ренато Санчес е одлична замена за Франк Кеси кој си заминува на крајот од сезоната.
Милан ќе испрати понуда од 25 милиони евра и сака да го доведе Португалецот во јануари.