Јувентус со триумфот од 2-0 против Лацио се наоѓа на чекор до финале во Купот на Италија.

Во првиот дел Јувентус  успеа да упати еден директен удар кон противничкиот гол, а Лацио немаше ниту една посериозна шанса за гол, но на стартот од второто полувреме следуваше вистинска фудбалска битка и два брзи гола на домаќините.

Прва радост на „Јувентус Алианц Стадиум“ донесе Федерико Киеза во 50 минута на асистенција на Камбиасо, додека четиринаесет минути подоцна Душан Влаховиќ постигна супер гол, по два натпревари пауза одново стрелаше за Јуве и ги постави конечните 2-0.

 

Реваншот меѓу Лацио и Јувентус се игра во Рим на 23 април, додека во второто полуфинале ќе се соочат Фиорентина и Аталанта.