Уругвај по голема драма испадна од Светското првенство (СП) во Катар, иако славеше со 2-0 против Гана, бидејќи Јужна Кореја победи со 2-1 против Португалија.
Ѕвездите на Уругвај беа многу нервозни по последниот судиски свиреж, па ги нападнаа судиите, а најгласни беа Едисон Кавани и Хозе Хименез кои заработија жолти картони, по што се вмеша и Диего Годин.