Американецот Бен Шелтон, изјави дека себеси се гледа како голем борец и дека има желба да го уништи секој тенисер кој е од другата страна на мрежата, па дури и најдобриот на сите времиња, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Младиот тенисер минатата година ја заврши како 568. играч на АТП листата, додека оваа ја завршува како 17. играч во светот, што е огромен напредок.
„Знам дека не сум совршен, имам недостатоци во играта, но и многу волја да ги поправам. Свесен сум дека можам да направам големи работи во тенисот само ако работам многу напорно, понапорно од кој било. Јас сум голем борец, сакам да победувам на секој натпревар. Сакам да ги уништам сите кои се на другата страна на мрежата – изјави Шелтон.
Американецот доби на популарност откако стигна до полуфинална пресметка со Ѓоковиќ на Ју-Ес опен, која ја загуби во три сета. Србинот тогаш на крајот прослави со „спуштање телефонска слушалка“, што беше заштитен знак на младиот Шелтон на претходните дуели, што беше сфатено како непотребна провокација.