Новак Ѓоковиќ е и на списокот на учесници за првиот Мастер 1000 сезонава во Индијан Велс, иако САД не дозволуваат невакцинирани странци да влезат во земјата .
Имено, и САД имаат правила за влез во земјата, а тие предвидуваат секој неамерикански државјанин да биде вакциниран за да влезе во САД. Ѓоковиќ се уште не го повлече своето име пред ждрепката во вторник.
Организаторите на турнирот признаа дека не знаат дали Ѓоковиќ има легален начин да влезе во САД и да игра на турнирот.
„Ѓоковиќ е на списокот на натпреварувачи и ќе биде во ждрепката. Во моментов сме во комуникација со неговиот тим, но не е утврдено дали ќе учествува на турнирот и ќе добие дозвола од ЦДЦ за влез во земјата. Ќе ја информираме јавноста кога ќе знаеме повеќе“, велат од БНП Парибас Опен.
По сите контроверзи со Австралија опен, Ѓоковиќ призна дека не бил вакциниран против коронавирусот, а во истото интервју за Би-Би-Си нагласи дека е подготвен да ги пропушти турнирите поради оваа одлука.