Новиот светски шампион Манчестер Сити ќе го го купува најголемиот аргентински талент. Сити е блиску до ангажман на 17-годишниот Клаудио Ечевери кој важи за најголем аргентински талент во моментов.
Европскиот шампион е во завршни преговори со Ривер Плата за трансфер на кадетскиот репрезентативец на Аргентина.
Сити на Ривер ќе му плати 20 милиони евра, а Ечевери и понатаму ќе продолжи да игра за аргентискиот клуб. Таму ќе биде на позајмица до крајот од сезоната по што ќе премине во Сити.
Двата клубови претходно сличен таков договор имаа и за Хулијан Алварез.
Ечевери за првиот тим на Ривер има одиграно шест натпревари и запиша една асистенција. Фудбалската јавност ја воодушеви на Светското првенство до 17 години каде даде пет голови, вклучувајќи и хет-трик против Бразил во четвртфиналето.