Бразилскиот репрезентативец, Каземиро и самиот го потврди заминувањето од редовите на Реал Мадрид и приклучувањето на Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот од средниот ред после долги години поминати на „Сантијаго Бернабеу“ кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед со надеж дека ќе му помогне на тимот да се издигне од амбисот во кој е западнат.

По официјализирањето на целата работа, Каземиро со емотивна порака се прости од Реал Мадрид.

– Ја проживеав најубавата приказна која можев да си ја замислам. Се надевам дека еден ден ќе се вратам затоа што ова секогаш ќе биде мојот дом.

– Ниту во илјада други животи нема да бидам во можност да му возвратам на Реал Мадрид за тоа што ми го даде. Засекогаш. Хала Мадрид, -напиша Каземиро на социјалните мрежи.