Столе Димитриевски продолжува со одличните настапи во дресот на Рајо Ваљекано откако во текот на вечрашниот ден уште еднаш ја сочува недопрена својата мрежа, овојпат на натпреварот против Еспањол.

Македонскиот голман и по второто коло од Ла Лига е без примен погодок. Во воведниот настап од новата сезона во Ла Лига, против Барселона, Столе брилјираше меѓу стативите и не им дозволи на ѕвездите на каталонскиот тим да ја затресат неговата мрежа.

Токму затоа, сосема заслужено ја понесе наградата за играч на тој натпревар, а вчера ја продолжи таа серија и уште еднаш успеа да остане со празна мрежа.

Овојпат Столе имаше помалку работа, но беше сконцентриран во текот на сите 90 минути, а имаше и една одлична интервенција во 65. минута од средбата.

Столе добро го испрати ударот на противничкиот фудбалер и со парада спречи гол, а оваа интервенција се најде и на официјалниот Твитер профил на Ла Лига кој обележа уште една одлична партија на нашиот репрезентативен чувар на мрежата.

https://twitter.com/LaLiga/status/1560714255032254465?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1560714255032254465%7Ctwgr%5E304499b893a989b9a409ccb7a07a52349de1b680%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fla-liga-ja-obelezha-odlichnata-odbrana-na-stole-od-vcherashniot-natprevar-protiv-espanjol-video%2F