Младиот пливачки маратонец, Марко Пејчиновски на дело потврди зошто го носи епитетот супер-херој. Тој пристигна на градското пристаниште во Охрид и успешно ја заврши делницата долга 64 километри на празникот Успение на Пресвета Богородица. После 24 часа пливање во водите на Охридското езеро тој денес околу 1о часот пристигна во Охрид.
Марко беше пречекан од голем број на љубители на овој спорт, но и поддржувачи на неговиот голем подвиг Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид. Со оваа делница тој комплетира 10 препливувања во едно лето во вкупна должина од 250 километри, што пак е историски подвиг.